Прослава на јубилеј 25 години Црковна општина св. „Наум Охридски“ Виена - Австрија

03.06.2018 На празникот Св.рамноапостолни цар Константин и царица Елена,со благослов на митрополитот Европски г.Пимен,Митрополитот Тетовско-Гостиварски г.Јосиф богослужеше света Литургија во храмот св.Наум Охридски во Виена-Австрија.Во период кога нашата света Македонска православна црква го одбележува својот голем јубилеј 1000 години Охридска архиепископија ,оваа црковна општина во Виена го прослави својот јубилеј 25 години од своето основање.На литургијата покрај многубројниот верен народ ,присуствуваа и амбасадорката на Р.Македонија во Виена г-ѓа Василка Попоска Треневска,Директорот на агенцијата за иселеништво г-дин Никола Шалваринов.Црковната управа при овој храм по повод 25 годишниот јубилеј на оваа црковна општина со многу љубов и почит за сите присутни приреди трпеза на љубовта и богата културно уметничка програма изведувана од нашиот државен Ансамбл на народни игри и песни Танец од Р.Македонија.На литургијата проповедаше Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф беседата можете да ја предземете тука.....